Кисела Вода ќе го празнува Илинден со македонски народни песни

По повод големиот празник Илинден, во организација на општина Кисела Вода, во Паркот на бранителите во населбата Драчево ќе се одржат два концерта на народна музика.

Во сабота, на 01.08.2015, во 20:30 часот, концерт ќе одржи Зуица Лазова. Најголемите свои хитови, пак, Миле Кузмановски ќе ги отпее на истата локација, но два дена подоцна, во понеделник, на 03.08.2015, повторно со почеток во 20:30 часот.

Концертите се во рамките на веќе традиционалната манифестација Три круши која отпочна на роденденот на општина Кисела Вода, на 29.06.2015, со концертот на КУД Китка и настапот на Сузана Спасовска и годинава се одвива по 10-ти пат.

Општина Кисела Вода ги поканува сите свои жители и сите оние кои имаат желба заеднички да го прослават големиот празник Илинден, да дојдат во Паркот на бранителите и да бидат дел од ова големо празнување.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега