Ужасни маки, болки, операции - ќе ве трогне приказната на младото момче

Дино Салатовиќ од Хрватска во 2009 година настрада во експлозија на бензин. Докторите му давале 14 проценти шанси да преживее. Иако има многу лузни, самодоверба не му недостига.

Ужасни маки, болки, операции, месеци опоравување во болници, бактерии кои го нападнале и психичката борба со самиот себе поради нарушениот изглед 19-годишниот Дино, храбо ги издржа и преживеа.

Зад себе има повеќе од 100 операции и пресадување на кожа, пишува хрватскиот портал 24сата. Секоја година четири пати мора да оди на ласерски третман во болница, за да му се „испеглаат“ лузните.

„Тој е најстар од нашите четири деца. Отсекогаш ми помгаше дома, па така тој ден по испратив да оди да ја наполни печката на дрва која била за централно греење. Го правеше тоа и порано. Поради некоја причина, изгледа дека детето експериментирало таму, во отворен оган стави сад со гориво“, раскажува мајката на Дино за кобниот ден и додава дека слушнала експлозија и детско вриштење. Истрчала и го видела во пламен. Некако се снашла и го фрила Дино на под. Го тркалала. Му ја извадила изгорената облека и го замотала во мокри крпи. Го ставила во автомобилот и го однесла на болница.

Дино преживеа могу маки, но на крај остана самоуверен и ја доби најважната битка во животот.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега