Погледнете ја агендата на Груевски за Струмица и струмичко

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе го посети струмичкиот регион. 

Во селото Куклиш како што соопшти владината прес служба во 13 часот ќе присуствува на пуштање во  употреба на систем за наводнување „Маркова Река“  и во таа прилика ќе оствари средба со жителите на село Куклиш. 

Според агендата во 13 :45 премиерот Никола Груевски ќе присуствува на отпочнување на реконструкција и адаптација на објект во Струмица, и ќе оствари средба со жителите на село Василево, па оттаму ќе го посети откупно дистрибутивниот центар „Евромак“; па подоцна ќе присуствува на на пуштање во употреба на двоен тениски терен во село Ангелци, каде граѓаните ќе имаат прилика да остварат седба со премиерот. 

Од село Ангелци ќе се упати кон Босилово каде ќе изврши увид на реконструкцијата на Домот на културата, а во селото Моноспитово ќе ја пушти детската градинка. Откако ќе ја пушти во употреба детската градинка ќе  ги посети жителите на селото Турново каде ќе имаат прилика граѓаните да разговараат за нивните проблеми и потреби. По средбата со жителите ќе се упати во фариката „Јасен Мебел’ во Турново. 

Подоцна ќе присуствува на пуштање во употреба на двоен тениски терен во Ново Село, па ќе присуствува на отпочнувањето со рехабилитација на регионалниот пат Мокрино – Смолари и на крај ќе направи увид  на асфалтирање на улици во осум села во општината (Мокрино). 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега