Мамо, зошто тато не напушти: Еве што и кажав на својата расплакана ќерка

Почуствував како срцето да ми се крши додека гледав во нејзините смеѓи очи, во кои и се појавија солзи во очите со надеж овој пат мојот одговор да биде поинаков, пишува една мајка во својата колумна на порталот Your Tango

- Мамо зошто нас тато не остави?

Те сакам. Многу ми жал што тато ја донесе оваа одлука која нас не повреди, кога замина, но ти не си виновна за тоа. Тој не е лоша личност, само донесе лоша одлука која повреди многумина многу ми е жал што тоа те повреди. Те сакам. Те сакам многу него што многу татковци можат да сакаат. 

Што навистина сакав да кажам? 

- Тоа го кажав, но тоа што сакав да го кажам, што беше во мојот ум и моето срце ми предизвика болка, толку што би можела да експлодирам, звучеше повеќе вака: 

- Тато замина бидејќи е себичен. Замина бидејќи пред се воопшто не требаше да има деца. Секој ден посакувам да ја види штетата која ти ја нанаесе, штетата која ја нанесе на семејството. Тој е лош пример за  човечкото битје, се надевам дека никогаш повеќе нема да го видиме и без него ни е многу подобро. 

Но навистина што да и кажам на својата ќерка кога гледам како со солзи во очите го чека мојот одговор. Што да кажам му кажам на  детето кое половина ДНК носи од личноста која срцето секојдневно се бори во обид да научи да прости. 

Ќе те сакам до небо и понатаму

Уверете ја дека е сакана. Без оглед колку вашата лутина е длабока, не зборувајте лошо за него. Ја уверувате дека личноста која и ја дала половина ДНК не е лош човек, дека тој во себе нема ништо злобно. Признајте ја нејзината болка, признајдте ека тоа што се случило предизвикува патење. 

Искрено кажете дека ги немате сите одговори, да можете да ги поправите работите би ги поправиле, но сепак не можете. Дајте и до знаење дека е ОК да си збунет и дека секогаш вие ќе бидете тука ако сака да разговара. Редовно потсетувајте ја дека таа е прекрасна ќерка. 

 

 

 
 
01.12.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега