Единаесет несреќи во Скопје: Петнаесет лица повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, осум сопатници и еден патник во автобус.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 19 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Шеснаесет возачи биле затекнати како го управуваат возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 81 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 
 
29.01.2016 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега