Презентација на можностите за инвестирање во Македонија во Шефилд

Владина делегација предводена од страна на вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска ќе одржи презентација во Шефилд во рамки на посетата на Велика Британија.

Денеска Шефилд ќе се запознае со можностите и поволностите за инвестирање во Македонија, а во состав на владиниот тим освен вицепремиерот Ставревски се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Вчера македонската владина делегација ги претстави можностите за инвестирање во државава пред бизнисмените во Лидс.

 

најчитано сега