Интерпол спроведе операција за борба со шверцот на оружје на Балканот

 

Интерпол спроведе операција за борба со незаконската трговија на оружје во повеќе балкански земји се наведува на интернет страницата на оваа организација.

Вкупно пет илјади соработници на Интерпол учествувале во специјалната операција спроведена во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и словенија при што се одземени 40 огнени оружја, шест килограми експлозив, 11 рачни гранати и 1,3 илјади паричиња муниција. Во оваа 48-часовна операција уапсени се 11 лица.

- Неодамнешните терористички напади во Европа и во светот за врме на кои повеќе се користеше огнено оружје отколку експлозиви покажа дека се неопходни поефикасни мерки за контрола, изјави Тим Морис, извршен директор во Интерпол. 

 
 
21.04.2016 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега