Драма на Широк Сокак

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против 28-годишниот Р.Л. од Битола за напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста.

На 16. месецов на Широк Сокак додека двајца полициски сужбеници констатирале прекршок од страна на пријавениот, истиот прво физички го нападнал едниот удирајќи го во пределот на градниот кош, а потоа и физички го нападнал и другиот полициски службеник кој интервенирал со цел да го одбрани колегата.

Насилникот им нанел телесни повреди на полициските службеници, кои им биле констаторани од страна на лекар во Клиничката болница во Битола.

 
 
21.06.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега