Момче од СОС Детско село доби стипендија во Костарика

 

Петнаесетгодишен штитеник од СОС Детското село Скопје К.П доби стипендија за еден од најпрестижните светски колеџи, Светскиот обединет колеџ во Костарика.

Светски обединети колеџи е единствената меѓународна организација која што образува ученици од сите краишта на светот, внимателно селектирани преку нивните Национални комитети, земајќи го предвид нивниот академски успех и поттенцијал, без разлика на нивната финансиска состојба  и потекло.  Овие ученици живеат и учат заедно во еден од 13-те колеџи низ целиот свет, а ја следат најпрестижната подготвителна програма за понатамошни студии, Меѓународната Матура или во светот позната како International Baccalaureate. 

- Имам само 15 години, но мојата цел е повеќе од јасна. Сакам да станам успешен човек. Луѓето да бидат горди со мене, а пред се самиот јас да бидам горд на себе и на моето постигнување. Вложувам многу во моето образование и  би направил се да станам успешен човек.  Мотивот да успеам е поврзан со две работи. Едната несомнено е да дадам придонес во подобар свет, подобро утре,  во подобар систем каде сите деца би можеле да имаат топол дом, смеа, поддршка, таков дом каков имам и секогаш ќе го имам во СОС Детското Село со моето семество со мојата сос мајка Дивна на која неизмерно сум и благодарен. Токму втората работа која ме води кон успехот е мојата СОС мајка, која безрезервно, искрено и смело го чекори патот кој самата го избрала,  никогаш не се откажува и има љубов за сите 12 деца за кои се грижела по патот кон нивното осамостојување, напишал К.П во есејот, кога пред една година аплицирал за стипендија.  

Од Детското село Скопје велат дека К.П е одличен ученик, има добиено многу награди од негово учество во државни и  регионални натпревари по физика и математика. К.П сака да стане физичар и доби целосна стипендија за школување во период од две години.

Детското село Скопје искажува благодарност до компанијата ДХЛ овозможија  бесплатна достава на документите за аплицирање до Рим и на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој му донираше компјутер на К.П. 

ФОТО: Канал 5

најчитано сега