Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават

Еден од начините на кој дејствува СОРОС е креирање на лажна слика и перцепција преку неговите меѓународни организации кои тој ги финансира, а кои вршат рангирање за повеќе сфери и области во различни држави. Во зависност на степеност на соработка со СОРОС државите кои се спротивставуваат на функционирањето и методите на апсолутна корупција која ја спроведува оваа организација се шиканирани и независно од постигнатите реформи за да се дисциплинираат се ставаат на дното на табелите кои подоцна преку нивните испостави и филијали во државите се претставуваат како објективни параметри, пишува Курир.

Транспарентност Интернешенл која е организација директно финансирана од СОРОС, излезе вчера со нов извештај каде во моментите кога СОРОС е на отворена критика на јавноста, Македонија забележува пад од 24 места на ранг – листата на Индексот на перцепција на корупција за 2016-та. Земјата сега се наоѓа на 90-тото место во споредба со 66-тата позиција во 2015-та.

Ваквото лошо рангирање доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Република од пред две недели објави дека државата бележи успех на индексот за борба против корупција дури и на организација финансирана од СОРОС како што е Трнаспарентост Интернешнл. Очигледно СОРОС преку неговите инсталации тука стана свесен и испорача лошо рангирање.

На прашањето на Република „Дали тоа што го прави Сорос е повеќе против Вас или повеќе за нив, односно опозицијата?“, Груевски вели „мислам и двете“.

-И мислам и за второто не е свесен. Не е свесен дека овој народ во 2006 година беше паднат на колена со речиси 39 отсто невработеност, највисока во Европа тогаш, и 32 отсто стапка на сиромаштија, рангиран на 105. место на неговата „Транспаренси интернешнел“. Токму тие против кои се бори тој, а тоа сме ние од ВМРО, и покрај сите кризи и пречки, невработеноста ја сведоа на околу 23 отсто, стапката на сиромаштија на околу 21 отсто, а на рангирањето на корупција имаме скок од 105. на 66. место, истакна Груевски во интервјуто.

 

Со новиот извештај  Трансперенси Интернешнл нафрла уште една топка на СДСМ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ, а на сметка на државата.

ti-finansieri

На самиот сајт на Транспаренси Интерншнл пишува дека главен финансиер е токму Институот Отворено општество раководен и финансиран од Џорџ Сорос, вториот финансиер е иститутот Отворено Општество за западна Африка која исто така е ќерка организација на СОРОС што јасно укажува дека Трнаспаренси Интернешнл е ќерка организација на Сорос.

Инаку нивната испостава во Македонија е Транспарентност Македонија во Скопје, која ја води Слаѓана Тасева која дејствува како продолжена рака на СДСМ, организација која пак е финансирана од СОРОС Македонија на Владе Милчин и Фани Каранфиловска, но и во нејзините тела се наоѓаат членови на раководството и луѓе блиски до СДСМ.

ti-clenovi1

ti-clenovi2

Членови на управните тели на Транспареност Македонија се Едмонд Адеми кој е пратеник и член на централниот одбор на СДСМ. Пратеникот на СДСМ Ферид Мухиќ,  Гордан Георгиев, Дане Талески од СДСМ, Соросовите инсталации и сдсмовски протежеа Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски, Ана Чупеска, Марјан Забрчанец, Џевдет Хајредини, Суад Мисини како и Гордан Калајџиев кој беше дел од платеничката револуција финансирана од СОРОС.

Инаку познато е дека Тасева која е прв човек на македонската испотава на оваа соросова организација имаше низа скандали за финансиски злоупотреби додека беше прв човек на полициската академија. Медиумите објавуваа дека Слаѓана Тасева Петровска во текот на месец јули 2007 год., во својство на Директор на Полициската Академија Скопје посегнала по туѓо автроско право при што неовластено извршила превод и репродуцирала авторско дело – Прирачник „Стратешко разузнавање. Слаѓана Тасева ја оштетила Полициската академија за 223 илјади денари додека беше нејзин директор. Според документите во 2007 година кога Тасева ја раководеше академијата неовластено бил извршен превод на прирачник без писмена согласност од авторот и без одлука од наставно-научниот совет. Полицијата отворила сомнеж дека некогашната антикорупционерка ги сторила делата непотизам и злоупотреба на должност по кои најчесто постапуваат антикорупционерите. Документите од истрагата покажуваат дека парите за преводот завршиле на контото на екс-анткорупционерката и нејзината ќерка Викторија.

На меѓународно ниво кога станува збор за фингирани извештаи од СОРОС ова не е единствен случај. СОРОС делува и преку Репортери без граници и Фридом Хаус кои исто така се финансирани од СОРОС и кои вршат рангирање на земјите по различни параметри, а критериумите по кои тие го прават рангирањето не се објективни параметри туку користа и сферата на интерес која има СОРОС. Па така откако отворено беше критикуван Сорос и неговите инсталации во Македонија, државата од делумно слободна, СОРОС преку Фридом Хаус ја рангираше како земја во која нема слободни медиуми, или од ниски 45 поени во 2007-та и 2008-та, во 2016-та дојде до високи 62 поени. Или најголемиот парадокс и штелување на резултати се гледа преку извештајот на Репортери без граници каде во 2007-та година Македонија ја рангирале на 36-то место, а сега во последниот извештај на 118-то место, иако се работи за истата влада и истите реформски политики. Она што се смени е перцепцијата и ангажамнот на соросовите слуги да се оцрни државата.

СОРОС преку своите инсталации го прави истото и во други европски земји кои се ставени на црната соросова листа.

Унгарија е падната за 7 места во однос на 2015 година кога била 50 на листата, за сега да падне на 57  место. Унгарија е во пад од 2014 година кога на индексот на Транспаренси Интернешенл била на 47 место. Официјалниот став на Унгарската влада е дека извештајот на Транспаренси е сам по себе интерес, бидејќи оваа невладина организација немала никаков коментар во време на владеењето на социјалистичката влада кога биле проневерувани европски фондови.

Словачка е исто така во пад на индексот на Транспаренси Интернешенл од 50 рангирана во 2015, сега е падната на 54 место. Невладини организации финансирани од Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во Словачка, се почесто водат кампањи по цел оцрнување на словачките власти за нивна вмешаност во наводни корупциски скандали, отворање на лажни афери со исти методи како во нашата земја и промена на актуелната власт избрана на демократски избори.

Словачкиот огранок на „Транспаренси Интернешнл“, кој инаку е финансиран од грантови на соросовата фондација, неодамна објави лажна афера за наводна вмешаност на високи претставници од Владата на Словачка во корупциски скандали. По објавувањето на аферата од страна на „Транспаренси Интернешнл“, дел од опозициските новинари во Словачка под закрила на соросовата фондација директно го нападнаа словачкиот премиер Роберт Фицо.

Ваквиот оркестриран напад врз Словачка доаѓа откако словачкиот премиер Роберт Фицо отворено му се спротивстави на Сорос изјавувајќи дека неговото “граѓанско општество не е добредојдено во Словачка“.

Фицо во едно интервју неодамна изјави дека на последните избори во март минатата година морал да се соочи не само со политичките домашни противници, туку и инсталации на граѓански организации подржани со странски пари, како и политички мотивираните опозициски медиуми во Словачка.

 
 
26.01.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа