Бизарна несреќа, работник итно пренесен на скопските Клиники

 

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 20 минути во Штип, на локален пат во близина на железничката пруга Штип-Скопје на место „Ежово Брдо“ 33-годишниот Д.Т. од Куманово, вработен како возач на камион-влекач на полуприколка сопственост на ДПГУ Бетон-Градба ДООЕЛ-Куманово, при промена на пукнат преден пневматик, со цел да постави дополнителна дигалка за поголема сигурност, во моментот кога се наогал под камионот, дошло до испуштање на воздухот од воздушните перничиња со што тој бил потиснат и нанесени му биле тешки телесни повреди.

Тој со скршена десна надколеница и скршена карлица бил пренесен во Медицински центар Штип, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.

 

 

 

12.07.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега