Украдени 16 илјади австралиски долари од куќа во Прилеп

Утрово околу 04,00 часот, во Полициска станица Прилеп, В.Б. од Прилеп, пријавила дека во неутврден временски период, на улица  „Борка Стеваноски“, непознат сторител со насилно кршење на влезната врата, влегол во нејзината куќа и извршил тешка кражба, одземајќи 16.000 австралиски долари.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

13.07.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега