Страшна сообраќајка во Македонија, пешак итно на Ургентен

 

Во 09 часот и 30 минути во Куманово на улицата „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода во која 19-годишниот Б.С. од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ удрил во пешак. Полицијата информира дека се работи за 37-годишниот З.А. од Куманово кој се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на итна медицинка помош бил пренесен во Јавна здравствена установа во Куманово, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар -Скопје.

Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Куманово.

 

 

 

27.07.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега