ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за доделување на ваучери за компјутери за студентите

Денес во Собранието на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка поднесе предлог Закон за издавање вредносни бонови - ваучери.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека предходното владеачко мнозинство во два наврати поднесувало ваков закон кој што ниосел голем бенефит за струдентите и токму затоа побараа сегашната Влада и парламентарномнозинство да излезат во пресрет на студентите и да го прифатат законот.

 

  • Третиот закон кој што ќе го предложиме по скратена постапка односно веќе го предложивме е закон кој што предходното владеачко мнозинство во два наврати го носеше и беше ефикасен и даваше резултати, а тоа е предлог Закон за издавање вредносни бонови - ваучери, со кој што предлагаме на сите студенти во република Македонија кои што за првпат се запишани во трета и во четврта година на студии во високо образование но и на студентите кои се евидентирани за лица со посебни потреби без разлика во која студиска година се студенти, а нивните семејства немаат просечен нето прилив на средства повисок од две просечни плати односно 45 364 денари, државата Република Македонија да им издаде ваучер еднократен, во износ од 18 600 денари за набавување на комјутер и компјутерска опрема. Повторувам, овој закон беше двапати досега од страна на поранешното парламентарно мнозинство и даде исклучително позитивни резултати во целиот сегмент. На овој начин ќе бидат опфатени повеќе илјади студенти со доделување на вредносни ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

04.09.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега