Фото: Тешка сообраќајка вечерва во Капиштец
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов„ во скопската населба Капиштец. Во неа учествувале две возила со скопски таблички: првото марка „Пежо, а второ марка “Мерцедес“.
Поради несреќата сообраќајот во моментов се одвива само по една коловозна лента.
Во моментот полицијата врши увид на местото на несреќата, a поголема група на луѓе е собрана на местото на настанот.
Сеуште не е познато дали во неа има повредени или настрадани лица.
05.09.2017 - 23:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа