Лути пиперчиња, најздравата намирница на светот - лекува дури десет болести

Поголемиот дел од луѓето се уште сакаат умерено лута арома која го подобрува вкусот на храната и го стимулира варењето на храната.

Зошто чили лутата пиперка е толку здрава ?
Капсаицинот не само што им дава лутина на пиперките, туку и посебни лековити својства од кои се прават едни од најздравите видови храна во светот.

1. Чили луто пиперче :

* Делува анти-воспалително
– Благодарение на капсаицинот, чили лутото пиперче, има анти-воспалителни својства. Kапсаицинот делува силно на супстанцијата P, која е поврзана со воспалителни процеси во телото. Редовна доза на чили може да послужи како одлична превенција од артритис.

* Спречува болки
– Најновите истражувања потврдуваат дека има чилито ефикасно ја намалува болката предизвикана од артритис, псоријаза и дијабетична невропатија.

*Кардиоваскуларни заболувања

Докажано е дека чили лутите пиперки го намалуваат холестеролот и триглицеридите при што се спречува и згрутчување на крвта. Културите кај кои широко се применува чили има многу помал процент од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза.

*Подобрување на имунитетот

Светло црвената боја на чили пиперките сведочи за висока содржина на бета-каротин, или про-витамин А. Само неколку лажички чили на ден ден му дава на телото дополнителна доза на витамин Ц и А, кои се од суштинско значење во спречувањето на инфекцијата.

* Спречување на рак на простата

Истражување на ракот на простата покажале дека капсаицинот делува како вистински “убиец” на клетките на ракот. По четири недели од терапијата со капсаицин, кај повеќето животни запрел растот на клетките на ракот на простатата, како и големината на туморот кој бил значително намален. За спречување на ракот на простата се препорачува да се земе 400 mg на капсаицин три пати неделно.

* Поттикнуваат губење на тежината

Лутиот вкус кои го имаат чили пиперки, се зголемува термогенеза – создавање на топлина во телото. Процесот на термогенеза бара потрошувачка на дополнителни калории, што резултира со губење на телесните масти.

*Спречуваат чир на желудник

Долго време се сметало дека внесувањето на лутата храна предизвикува чиреви, но тоа било многу погрешно мислење. Денеска според истраѓувања е потврдено дека лутите пиперки не само што не предизвикува чир, тие го спречуваат истиот бидејќи тие ги убиваат штетните бактерии и го стимулираат создавањето на заштитна обвивка.

* Помагаат при дијабетис тип 2

Редовна доза на чили може да спречи тип 2 дијабетес. Според студија објавена во американскиот весник American Journal of Clinical Nutrition, покажува дека редовно внесување на чили ја намалува потребата на телото за лачење на инсулин, кој го намалува нивото на шеќер во крвта после јадење.

 

 

 

03.11.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа