Малолетник прободен со нож во Тетово
Во 19.00 часот синоќа на улицата „Илинденска“ во Тетово настанала тепачка помеѓу двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години.
Во тепачката, 16 -годишникот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на 17-годишникот, информираат од МВР.
Потоа детето побегнало, а повредениот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била укажана лекарска помош и за среќа се наоѓа надвор од животна опасност.
Во присуство на родител, 16- годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа