Наставник од Скопје удрил шаканица на 12-годишен ученик

 

Во 17 часот во текот на вчерашниот ден, 28-годишниот А.Ј. од Скопје пријавил дека истиот ден во основното училиште „26-ти Јули“ 50-годишниот наставник З.К. физички го нападнал неговиот 12- годишен син.

Според пријавата, тој го удрил детето во пределот на лицето, со што му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.11.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега