Откриена обложувалница што работела нелегално - три лица приведени во гостиварско

Три лица се приведени откако попречувале контрола во објект во Топлица, гостиварско за кој постоело соменевање дека нелегално се приредувале игри на среќа.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на полициско одделение Галате, вчера попладне околу 17 часот спровеле контрола во објект во Топлица, а во кој негално, без потребната лиценца, се приредувале игри на среќа.

 

Во објектот бил затекнат 31- годишниот С.Ј од ова село. При извршувањето на контролата и увидот, полициските службеници биле попречувани и навредувани од 52- годишниот А.Ш и 58- годишниот  Ш.Ш. од Топлица.Во еден момент А.Ш. физички нападнал еден од службениците и му ја скинал униформата.

Тројцата се приведени, задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот и ќе се соочат со соодветни поднесоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Од објектот во Топлица, по контролата времено е одземена комплетната опрема што се користела за приредување игри на среќа: телевизори, компјутери, монитори, печатачи, читачи, билтени, тикети и друго.

 

 

 

 

08.11.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега