Апсење кај македонско - грчката граница кај Дојран

Тројца државјани на Албанија се уапсени откако илегално се обиделе да ја преминат границата македонско-грчката граница

Македонската полиција извести дека вчера во 13 часот и 40 минути во селото Николич, кај местото викано „Црква“, од страна на патролен тим од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран, при обид за илегален премин на македонско-грчката граница биле лоцирани и приведени 35- годишниот  Б.В,25- годишниот  Б.К и 26- годишниот Ф.Г, сите државјани на Република Албанија.

Приведените потоа се предадени на полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.

 

 

 

09.11.2017 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега