ПОДЕМ: Законот за јазици не смее да ја кочи европската перспектива на Македонија

 

Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ повикува на транспарентност и отвореност во решавање на најважните национални прашања како што е Законот за јазиците, спорот за името и меѓусоседските односи.

„Очигледно е дека Законот за јазици ја ниша владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ. Да не дозволиме тоа нишање да ја разниша и стабилноста и перспективата на Република Македонија. Доста е со уцени. Да не дозволиме теснопартиски интереси и уцени да ја одредуваат судбината на граѓаните на Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Од ПОДЕМ ги повикуваат и СДСМ и ДУИ со отвореност и транспарентност да стават крај на тензиите и додава дека секакви уцени ќе се пресечат во корен ако јавно и јасно се каже што се договарало, ако отворено се каже што може, а што не може да биде производ на коалицирањето.

Транспарентоста и отвореноста се единствените методи кои треба да се применат за решавање на важни пашања како што се односите со Грција, велат од ПОДЕМ.

ПОДЕМ предлагаат да се размисли за национална коалиција меѓу двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ попримерот на Германија и со тоа засекогаш да се решав важните прашања. 

„Приоритет за Македонија е влезот во Европа, а не донесување на закони кои не подлежат на европско знаме, но се наметнуваат и го блокираат Собранието кое треба да ги донесе вистинските европски закони. Таа коалиција, на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, треба да е отворена и за албанските партии. Но тие треба да покажат дека ѝ мислат добро на Македонија, а не секое коалицирање да го користат за остварување на цели кои не се во заеднички интерес на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на која етничка група припаѓаат.

На крајот на краиштата Законот за јазици и не е закон за јазици, туку е Закон за албанскиот јазик. Зарем во 21 век Македонија ќе носи закон кој не ги става во рамноправна положба сите етнички заедници“, се наведува во соопштението.

 

 

 

09.03.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега