Тепачка во затворот Идризово - затвореник прободен со нож

Вчера настанала тепачка меѓу осуденици во затворот Идризово.

Инцидентот се случил околу 11 часот кога  34-годишниот A.К. и 35-годишниот A.K. како и 24-годишниот  Р.К.  и уште четири непознати машки лица, најпрвин физички го нападнале осуденикот З.Л.(28) од Грчец удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а во еден момент осуденикот А.К. со нож му нанел неколку убоди на З.Л.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

08.09.2013 - 13:05
Фото: 
Дневник

најчитано сега