Изгубил контрола и удрил во дрво - маж почина во сообраќајка на патот Плачковица-Штип

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера попладнето, околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица - Штип.

Како што информираат од МВР, пред крстосницата за село Козјак, 65-годишниот Д.В.од село Таринци - oпштина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво. Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека Д.В. починал на местото на настанот. 

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.

 

 

 

 

23.03.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега