Сквернавен гроб во Охрид

Вчера во 16 часот во Полициската станица Охрид од граѓанин било пријавено дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на улицата „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.

Од извршениот увид било утврдено дека околу 15 часот и 50 минути непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.

Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид.

Тој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.

 

 

 

24.03.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега