Маскиран и со ноќ и приредил хорор на продавачката - македонската полиција го фати

Маскиран разбојник со закана со нож врз вработена во продавница во Гевгелија, одзел над 700 евра. Полицијата веднаш го пронашла крадецот, а судија по претходна постапка му одредил притвор од 30 дена.

Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Д.П.  (41) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело  „разбојништво“. На 22 март 2018 година околу полноќ, Д.П. со закана со нож извршил разбојништво во продавница во Гевгелија. Додека вработената била на каса, Д.П. влегол маскиран и со нож и се заканил да ги даде парите. Таа се исплашила, ја отворила касата и му дала 43.745 денари од дневниот пазар, по што Д.П. побегнал.

Набргу по пријавување на настанот, од страна полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија Д.П. бил пронајден и лишен од слобода. 

 

 

 

24.03.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега