МВР со детали за убиството во Скопје

Дошол дома со брат му, а таму ја нашол мајка му како лежи со убодна рана во градите.

Полицијата денеска информира дека во 21.00 часот, 47-годишниот Г.Г. од Скопје пријавил дека со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот ја пронашол неговата мајка, 77-годишната К.Г. во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје.

Во 20.30 часот тој отишол да ги посети мајка му и брат му, 50-годишниот М.Г. и кога влегол внатре ја пронашол како лежи.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

 

 

 

25.03.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега