Ѓорѓиевски: Филип Петровски не е член на ВМРО-ДПМНЕ, нема кредибилитет да отвора прашања за фракционерство

Она што се случи денес односно најавата за фракционерство, во нашиот статут нема предвидено такво нешто. Што значи фракционерство не е дозволиво по статутот на ВМРО-ДПМНЕ и ние не го поддржуваме тоа, истакна денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во врска со денешната прес конференција на Филип Петроски.

–Видете, како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, добро знаете дека е партија со огромен демократски капацитет и во рамките на нашата партија и во рамките на нашите органи е дозволено за сите прашања отворено да се дискутира дури и да има различни ставови и мислења се до моментот додека нашата партија не донесе конкретен став за отворено прашање. Кое и да е прашање. Во моментот на донесување на партиски став ние сме конзинстентни по тој став и немаме други мислења околу тоа. Она што се случи денес односно најавата за фракционерство, во нашиот статут нема предвидено такво нешто. Што значи фракционерство не е дозволиво по статутот на ВМРО-ДПМНЕ и ние не го поддржуваме тоа. И во рамките по статутот досегашен но и во рамките по статутот кој што е во до изработка од страна на експерти од нашата партија. Конкретно едно од лицата кое што го одржа пресот денес дотичниот Филип Петроски, јас колку што сум информиран Филип Петроски го нема ажурирано своето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека Филип Петроски не е член во ВМРО-ДПМНЕ и колку што ме држи меморијата мислам дека се уште е член на Демократска десница, партијата која што впрочем ја формираше лицето, така да нема конкретно Филип Петровски кредибилитет да отвора такви прашања и такви теми, изјави Ѓорѓиевски.

 

 

 

03.04.2018 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа