Осум сведоци ќе зборуваат за Мерцедесот на Груевски

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжат судењата за предметите на СЈо „Тенк“ и „Тарифа“.

За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци.

На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите. 

Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

 

 

 

18.04.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега