Албанец тргнал со 130 кила дрога на Богородица - македонските цариници му го „расипаа" планот
Над 130 килограми марихуана се откриени вчера на Граничниот Премин Богородица во камион со албански регистраски ознаки.
Возачот, 37-годишен државјанин на Албанија, е приведен и му е одреден 30-дневен притвор.
Дрогата била пронајдена во посебно направен простор во внатрешноста на страничните даски за кои е прицврстена церадата на полуприколката, а била сместена во 323 пакувања обвиткани со растеглива фолија, соопшти Јавното обвинителство.
Возачот е веднаш приведен, а поради опасност од бегство, по барање на Основното јавно обвинителство во Велес, судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа