Полицијата изврши претрес во дом на скопјанец - паднаа двајца дилери на дрога
Две лица биле уапсени во Скопје, откако полицијата пронашла дрога, по претрес во нивните домови.
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.С. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес во домот на пријавениот пронајдена е марихуана.
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против 30-годишниот Д.П. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес во домот на пријавениот пронајдни се амфетамини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа