Апсење на Аеродромот во Скопје
Во 18.25 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата П.Б.(34) и Е.Ф.(35), двајцата од Шпанија, биле фалсификувани.
При дополнителна контрола кај нив биле пронајдени патни исправи на име О.Н.(35) и O.Л.(34) од Република Турција.
Лицата биле приведени и во 23.30 часот предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка.
30.01.2019 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа