Заврши обдукцијата на дел од загинатите во автобуската несреќа
Во тек е идентификацијата на загинатите во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје.
Како што пишува Република, во Судска медицина работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од загинатите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.
Бројот на загинати се искачи на 15.
14.02.2019 - 10:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа