ВМРО-ДПМНЕ: Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари

 

Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од партијата велат дека поддршката за Пендаровски е поддршка да продолжи полнењето на јавната администрација со роднини на функционери, додека млади професионални кадри ја напуштаат земјата.

„Гласањето за Пендаровски е глас за Мира Дизел, која си го вработи синот во ЕЛЕМ, кој се уште не си дава отказ. Гласот за Пендаровски е и глас за Милева Георгиева, Костадин Костадинов, Фросина Ременски и другите функционер кои јавната администрација ја гледаат како средство за згрижување на роднини.

ДКСК наместо да чека по изборите, треба сега да го објави извештајот за непотизам и влијанија при вработување.

ДКСК мора да делува веднаш и да се ослободи од стегите на власта.

Граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им кажат не на политиките на минатото, на непотизмот, криминалот и корупцијата. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Стево Пендаровски“ велат од ВМРО- ДПМНЕ во своето соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега