Инцидент во Скопје: Со пиштол од автомобил пукано кон тројца скопјани

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20:42 часот во СВР Скопје, 21-годишниот А.Е. од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот на автопат во близина на бензинска пумпа во село Идризово, додека управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле А.Ч.(23) и Х.А.(21), и двајцата од Скопје, кон нивното возило било пукано од огнено оружје од непознато лице, кое било во патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки.

Набрзо, на бул.„Никола Карев“ патничко возило „мерцедес“ со удар се обидело присилно да го запре возилото на пријавителот, кој успеал да го напушти местото на настанот. Повредени лица нема, се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега