Мисајловски: На компаниите, фирмите и малите бизниси им е потребна брза финансиска инjекција

Државата мора под итно со финансиски инекции да им помогне на сите компании. Вчера имав можност да слушнам дел од мерките што ги најави владата, но дел од тие мерки се фактички скриени мерки. Бидејќи нема директно да се одразат во компаниите, туку тие средства ќе треба да си ги исплатат во друг рок. Занаетчиите, малите продавници, сите оние мали фирми и компании што ги гледаме мака мачат овој период. И затоа потребно е директни средства да се вбризгаат кон нив. 

Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешниот Live chat на тема: „Вашите проблеми, заеднички до решенија“.

-Ние предлагаме тоа да се случи со 50 проценти бруто плата, но владата нема слух за тоа, туку прави некои мерки кои немаат некој бенефит за тие компании. Збориме за илјадници работни места. Затоа многу држави во светот се задолжуваат во моментов. И тоа треба државата да го направи што побрзо затоа што треба да се земат ефтини средства. За да компаниите ги задржат вработените и да им дадат плата. Друг проблем е тоа што тие компании незнаат ни дали ќе имаат пласман, бидејќи се затворени границите. Исто така, владата мора да ги реализира капиталните инвестиции што ги има во моментов. Институциите имаат земено средства со кредити, кредити за патишта и слично. Доколку ова започне да се реализира, ќе оживеат дваесет и неколку гранки. Тоа се доплнителни средства што не се во буџетот, туку се средства преку меѓународни транши. И сите средства што ги имаат општините, може да ги вбризгаат. Може да се работи после 21 часот, кога сите се дома, да се асфалтираат улици, и така натаму. И тоа се дополнителни средства што на економијата веднаш и требаат. Владата мора да почне да ги слуша граѓаните, кога гледаат дека сите мерки што ги донесоа наидоа на отпор од народот, вели Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега