Извршил вооружен грабеж и си седнал на кафе на Улица Македонија

19 годишниот скопјанец П.И и 42 годишниот П.Д. си заработија кривични пријави, откако на 6-ти овој месец, организирале и спровеле кражба во модното студио „Еуро Дом“.

Според информациите од МВР, П.И, два дена пред да ја изврши кражбата му се пожалил на својот пријател Т.Ц. дека нема пари, па овој му предложил да обезбеди пиштол и да ја ограби вработената во „Еуро Дом“. На П.И. му се допаднала идејата, па  попладнето на 6. ноември влегол во „Еуро Дом“ и со закана со пиштол од вработената земал 2.300 денари. По кражбата, П.И. се нашол со својот помошник во интернет кафе лоцирано на улица „Македонија“ близу хотелот „Бристол“.

Планот на двајцата скопјани пропаднал, кога истиот ден П.И. бил приведен во полиција. Тој го признал делото и си заработил кривична пријава за „разбојништво“. Неговиот пријател заработил кривична за „помагање“.

 

 

10.11.2013 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа