СДСМ: Провери ли Мицкоски утрово кој е ставот на Апасиев за силната поддршка од Германија?
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2022/11/30/sdsmdniel.jpg?itok=vuT1vFLr)
„Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер во неговата посета ја реафирмираше поддршката на Сојузна Република Германија на нашиот евроинтегративен процес. Штајнмајер потсети дека одлучноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности и порача дека нашата држава не смее да скршне од патот кон ЕУ. Претседателот на Германија потсети и на историската одговорност што сите пратеници ја имаат со усвојување на уставните измени за реализација на децениската стртатешка цел - членство во ЕУ“, велат од СДСМ.
СДСМ вели дека Македонија има силен поддржувач на евроинтегративниот пат во Германија а посетата на Штајмајер е последната потврда за тоа.
„Но од друга страна, Христијан Мицкоски молчи и не коментира ништо за јасните пораки на нашиот стратешки партнер. Дали Мицкоски утрово провери кој е ставот на Апасиев за силната поддршка од Германија, за да може денеска да излезе со став во јавноста? Како и често пати досега, очигледно Мицкоски прво ќе провери кој е ставот на Апасиев чиј заложник е, за потоа да даде наредба во Белиот дворец како партијата ќе комуницира. Мицкоски е слаб, без став, неодлучен и затоа стана заложник на Левица и Апасиев, затоа идеолошки ја обезличува неговата ВМРО-ДПМНЕ“, порачаа од партијата.
30.11.2022 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа