ФОТО: Новогодишната магија пристигна во Кисела Вода

Кисела Вода доби новогодишен сјај. Новогодишното украсување на општина Кисела Вода го изведува фирмата „Линк медија плус“ од Скопје.

Според предвиденото треба да бидат декорирани повеќе локации, меѓу кои влезот во Кисела Вода, односно булеварот „Борис Трајковски“, од Рампа до споменикот Тодор Александров. Паркот спроти општинските бараки, потегот од булеварот „Борис Трајковски“ до крстосницата со улицата „Народни Херои“, плоштадот околу црквата „Св. Петка“, улицата „Огњан Прица“, местото викано Шампионче. Ќе бидат украсени и парковите „Пушкин“, „Шопен“, „Македонија“, влезот на Пинтија и Паркот на бранителите во населба Драчево.

За оваа цел беа обезбедени  2.124.000 денари. 

10.12.2013 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега