Пронајден мртов маж во водите на Дурачка Река

Вчера попладне во 15 часот во кривопаланечкото село Дурачка Река, во водите на Дурачка Река било пронајдено безживотното тело на 66 годишниот Дане М.

Полициска екипа извршила на увид на лице место. Докторите кои го прегледале телото утврдиле дека селанецот имал повреда-посекотина и фрактура во пределот на десната страна на челната коска. Досегашната истрага покажала дека Дане М. најверојатно паднал од карпа во висина од околу 10 метри.

Телото на селанецот и е предадено на фамилијата за погреб, информираат од МВР.

најчитано сега