Грција ги враќа војниците да ја чуваат границата кон Албанија

Како што јави дописникот нба МИа од Тирана грчката полиција ги враќа војниците за да ја чуваат нејзината граница кон Албанија.

 Од 1 јануари на грчко-албанската граница повторно ќе бидат распоредени припадниците на грчката армија, заедно со граничната полиција, јавуваат албанските медиуми.

Оваа одлука  Атина ја донела по инцидентот што се случи неодамна во регионот на Преспа, кога еден грчки граничен полицаец и двајца албански државјани загинаа во меѓусебна престрелка, како и поради се почестите обиди за шверц на дрога.

Грчките војници прво ќе бидат распоредени во подрачјето на Преспа, каде ќе има и две кули за набљудување, а веднаш потоа припадници на армијата ќе бидат лоцирани долж целата граница, која е долга околу 600 километри.

26.12.2013 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа