За еден ден шест сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди, но, за среќа, ниту една со потешки последици или телесни повреди.

Според информациите на сообраќајната полиција, се случила уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера открила и поголем број прекршоци. Санкционирани се шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, петмина пешаци кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, седуммина возачи кои непрописно се престроиле и 14 возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини и во зона на крстосница.  Казнети се и седуммина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќајот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

10.01.2014 - 08:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа