Скопјани внимавајте на своите деца: Педофил нападнал четири девојчиња во Карпош 4

Вчера попладне околу 15.50 часот, на улицата „Соле Стојче„ во населбата Карпош 4 во Скопје, педофил нападнал 4 девојчиња на возраст од 7 до 8 години.

Додека девојчињата си играле пред влезот од зграда, им се приближило непознато лице со откопчани панталони и повлекло за рака едно од девојчињата. Според Сител, малолетничките успеале да побегнат и да повикаат помош. Откако слушнале за инцидентот, родителите на девојчињата ја повикале полицијата, која тргнала во потрага по манијакот, објавува Сител.

 

 

Девојчињата и нивните родители дале свои изјави во полициската станица во Карпош. МВР работи на откривање на сторителот. 

најчитано сега