Каракамишева: СДСМ со сценарио за искривување на Уставот

Она што се случуваше во изминатиот период врзано со сценариото на СДСМ, беше едно искривување на уставната, деловничката и законската процедура во Република Македонија, истакна универзитетската професорка Татјана Каракамишева-Јовановска во гостувањето во Дневникот на Сител.

-Желба да се создадат правни институти кои не постојат во Уставот на Република Македонија. Таков правен институт кои тие сакаат да го наметнат на македонската јавност е институтот не прифаќање на мандат. Во Уставот и во правната и парламентарната пракса, не само на Република Македонија туку и на останатите европски демократски земји, не постои институт неприфаќање на мандат, постои институт враќање на мандат кој што се поврзува со поднесување на оставка во Собранието лично или во писмена форма или едноставно неприфаќање на сите оние права и должности кои им се дадени во Деловникот со нивно недоаѓање на седници со кое се започнува една нова процедура на одземање на мандатот, истакна Каракамишева-Јовановска.

Таа додаде дека по завршувањето на изборите, започнуваат сите нормални демократски процеси во смисла на конституирање на сите останати институции кои произлегуваат од граѓаните, а кои правно треба да поминат низ процедурата и во Собранието

-По секој изборен процес кога граѓаните го даваат својот глас за одредени кандидатски листи, тие гласови се сумираат во изборни мандати, односно во мандати. Мандатот доколку нема поднесено никакви приговори и доколку се е во ред во смисла на правната процедура, во тој случај оди на верификација пред верификационта комисија во Собранието каде се случува само потврдување на она што граѓаните на изборите го покажале како своја политичка волја

Каракамишева посочи дека по верификацијата започнуваат да течат сите права, должности на пратеници избрани од граѓаните, што значи дека од денес на сите 123 пратеника им започнуваат правата и должностите согласно Деловникот на Собранието.

10.05.2014 - 19:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега