Нуредини во ДУИ дојде со службено возило да промовира зелена агенда: Ако треба ќе одам пеш

Денеска министерот за животна средина, Насер Нуредини во седиштето на ДУИ пристигна со службено возило за да промовира дел од зелената агенда. На прашањето дали злоупотребува државни ресурси за промовирање партиска кампања, тој одговори дека бил службено во Чаир и ако треба ќе оди пеш до работа, објави ТВ 21.


-Не верувам, но доколку е така се извинувам, бидејќи службено бев во Чаир и сега ќе продолжам со работа. И пеш ќе одам ако има потреба, одговори тој.

Претходно Владата донесе одлука со која се уредува користењето службени возила.

 

-Со оваа одлука секој функционер кој ќе злоупотреби службено возило за приватни цели, ќе се соочи со казна. На тој начин ќе се елиминираат потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели, рече Николовски.

23.09.2021 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега