Почна изградбата на тунел од 18 км под Балтичко море- за 7 минути со воз, а 10 со автомобил ќе се стига од една до друга земја

Пo повеќе од една деценија планирање, почна работата на најдолгиот подводен тунел во светот.

Тунелот „Фемарнбелт“, кој ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море, а се очекува да биде отворен во 2029 година, пишува Си-ен-ен.

Тунелот долг 18 километри е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа, со инвестирани над 7 милијарди евра.

Тунелот ќе поминува низ појасот Фемарн, теснина помеѓу германскиот остров со истото име и данскиот остров Лоланд, и е дизајниран како алтернатива на сегашната траект-линија, која секоја година превезува милиони патници. Патувањето со траектот трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, ќе бидат потребни 7 минути со воз и 10 минути со автомобил за да се премине од една во друга земја.

Тунелот, чие официјално име е „Фемарнбелт фиксд линк“, исто така ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Ќе се состои од два автопата со по две ленти, кои ќе бидат одделени со службен премин и две електрифицирани пруги.

„Денес, ако одите со воз од Копенхаген до Хамбург, ви требаат околу четири и пол часа. По завршувањето на тунелот, истото патување ќе трае два и пол часа. Многумина користат авион за патување меѓу двата града, но во иднина ќе биде поисплатливо само да се возите“, рече Јенс Оле Каслунд, технички директор во данската државна компанија „Фемерн А/С“, која е задолжена за овој голем проект.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа