Пренџов: Цела држава ни е во штрајк

Пратеникот Љупчо Пренџов преку статус на Фејсбук пишува дека целата држава ни е во штрајк и дека владата нема граѓански легитимитет.

-Вработените во градинките и училиштата ШТРАЈКУВААТ.
Вработените во судската администрација и Судии ШТРАЈКУВААТ. Вработените во јавната администрација ШТРАЈКУВААТ.
 Полициските синдикати исто така подолг период ШТРАЈКУВААТ.
Земјоделците, сточарите и производителите на храна не се задоволни од владата, министерот и владините политики во земјоделието.

Цела држава ни е во ШТРАЈК, цените растат, живеачката опаѓа….

‼️Ова е резултатот од владеењето на Влада која има собраниски легалитет а НЕМА ГРАЃАНСКИ ЛЕГИТИМИТЕТ.

 На Македонија и македонското општество му се потребни избори час поскоро од две причини:

1. За неспособниве да си одат и штетите да бидат помали кон државата, стандардот на граѓаните и економијата,

2. Мнозинството од граѓаните да имаат доверба во институциите. Оние кои управуваат со државата да ги чувствуваат како свои, а не како наметнати решенија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

11.04.2022 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега