Се огласи германската новинарка: Ми беше непријатно да известувам за поплавите во чиста облека

 

Телевизиската новинарка од Германија, Сузана Охлен, се извинила поради снимката на која нанесува кал по својата облека пред да известува за поплавите во Германија, кога кажала дека помага да се расчисти градот.

Рекла дека го направила тоа бидејќи и било непријатно да известува за поплавите во чиста облека, па во пишаната изјава додала дека тоа што го направила била сериозна грешка.

"Ми беше непријатно да стојам пред камера во чиста облека. Без да размислам, нанесов кал по својата облека", напишала таа.

Потсетуваме, Охлен нанела кал на себе пред снимањето на репортажата преправајќи се дека помагала во чистењето на улиците во Бад Мунстереифел по силните поплави. "RTL" ја објавил репортажата "Чистење по поплавите: Репортерка на RTL помага во Бад Мунстереифел", а нејзината "измама" ја разоткрил случаен набљудувач кога на социјалните мрежи ја објавил снимката на која се гледа дека таа не им помага на луѓето, туку самата нанесува кал на лицето и облеката.

"RTL", телевизијата за која работела од 2008-ма година, и дала отказ и јавно се дистанцирала од инцидентот. "Пристапот на репортерката е спротивен на принципите на новинарството и нашите стандарди. Поради тоа ја суспендиравме кога дознавме за случајот", навеле од телевизијата.

24.07.2021 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега