Сите жители на Њујорк мораат да се вакцинираат до 27 декември ако сакаат на работа

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, најави дека сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа.

Вработените во јавниот сектор веќе мора да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе ја прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември, додаде тој.

„Ние во Њујорк одлучивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој ја напушта својата канцеларија кон крајот на декември.

„Го имаме новиот сој омикрон како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични собири“, објасни тој, додавајќи дека единствениот излез од таа ситуација е обврската за вакцинација.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврски за вакцинација за работниците од приватниот сектор.

Задолжителните вакцини за вработените во јавниот сектор кои стапија на сила оваа есен предизвикаа отпор, а дел од вработените ги напуштија своите работни места. Сепак, стапката на вакцинација се зголеми по таа одлука.

Досега во Њујорк се потврдени десет случаи на варијантата омикрон, а Де Блазио рече дека треба да се претпостави дека веќе има ширење на таа варијанта во заедницата.

06.12.2021 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега