Скандалозна изјава на руската државна телевизија за земјотресот во Турција и Сирија: Не сме ние Црвен крст

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот Твитер профил објави клип од емисијата на руската државна телевизија „Русија 1“.

На видеото се гледа како неименуван гостин зборува за последиците од двата силни земјотреси кои вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија.

„ Многу луѓе загинаа денеска во Турција и Сирија. Русија понуди помош и ќе ја пружи… Дали ми е жал за нив? Да, ги жалам како луѓе“, ја започна својата презентација гостинот и додаде:

„ Но, дали ги сожалувам повеќе од моите сонародници, па дури и Украинците од другата страна, или Русите кои секојдневно гинат во оваа војна? Искрено ќе ви кажам и вам и на луѓето што не гледаат дека пред се мислам на овие мртви тука“, продолжи гостинот.

Тој додаде дека постапките на директорот на ЦИА Вилијам Барнс го загрижуваат многу повеќе од вчерашните земјотреси.

„ Не гледам ниту една сириска или турска единица да се бори на наша страна. Се разбира, мораме да помогнеме, претпоставувам. Но, ние не сме Црвен крст, не можеме да им помогнеме на сите, прво треба да мислиме на нашата земја“, заклучи гостинот.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс претходно изјави дека разузнавачката агенција проценила дека следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина.

07.02.2023 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа