Спасовски: Нема основ за нови рестрикции, доволно е да се почитуваат мерките

-Има опаѓачки бројки во врска со бројот заболени. Ние сме многу транспарентни, не е променет алгоритмот и таа политика ќе продолжиме да ја водиме. Носиме мерки да помогнеме да не се шири вирусот, работиме на свеста на граѓаните за почитување на мерките. Немаме основа да носиме драстични рестриктивни мерки. Таквите мерки дадоа резултати, сега мерките се таргетирани. Потребно е почитување на мерките, носење маска и држење дистанца.

Ова денеска во гостувањето на „Само вистина“ го истакна носителот на кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, додавајќи дека лидерот на опозицијата покажал несериозност.

- Мицкоски одеше во теретана, се забавуваше во ресторан, кога тоа не беше препорачано. Важно е да сме одговорни. Дали ние бевме во теретана или ресторан? Ние сме работно ангажирани и тоа е сосема друго, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега